Копров, Которчевиќ и Смилевска со награди за животно дели на фолк фест „Роса“

На 30 ноември во Наци0оналната опера и балет ќе е одржи 26-тото издание на фолк фестивалот „Роса“.

На фестивалот, кој е од ревијален карактер ќе настапат групата „Соната„, „Фортуна“, Милица Кузмановска, Благоја Груевски, Татјана Јовановска, Ташко Каранфиловски, Борче Наумовски, Методија Столевски, Анета Арсовска, Дарко Стојановски, Даниела Дани, Бобан Цановски, Кире Науновски, Стојне Николова, групата „Амбасадори“, Софија Пировска, Благица Андоновска, Драган Николовски Даце, Бојана Михајловиќ, Здраве мјузик и Дејан Вељановски.

Бидејќи е фетивал од ревијален карактер, односно смо промовирање на македонската модерна фолк музика ќ бидат доделени само три награди и то за животно дело.

Наградите ќе ги добијат Григор Копров, Томислав Которчевиќ и Јорданка Смилевска.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ