Кој резервирал пет девојки за четири дена за 104.000 евра? Цвета секс бизнисот во Давос?

Фото: Инстаграм

Светскиот економски форум не е само средба на најмоќните луѓе во светот во економијата и политиката. Собирот е повеќе од само економија и политика. Како што објавува порталот „20 Minuten“, швајцарската платформа за секс и запознавање Titt4tat  – секс бизнисот цвета во Давос. Вобичаено, во просек, на сајтот за Давос има по две резервации дневно, но на 19 јануари имало 79 барања, што е зголемување од речиси 4.000 проценти, пренесува вечерњи лист. 

Операторите на Titt4tat, исто така, даваат увид во тоа што особено бараат ВИП личностите, извршните директори и политичарите во Давос: За разлика од традиционалните услуги за ескорт, сексуалните работнички на Titt4tat не се професионалци. Според платформата, тие се претежно студенти, наставници или туристи кои вака имаат дополнителна заработка.

Оваа година особено голем број клиенти од САД, Русија и Украина патуваат во Давос специјално за Светскиот економски форум.

Внатрешните анализи покажуваат дека побарувачката за црнкинки е особено нагло зголемена оваа година. Најскапата резервација направена на платформата е за износ од 96.000 швајцарски франци (речиси 104.000 евра) за четири дена во Давос со пет жени. Оваа цена не ги вклучува цените на хотелите, подароците или такси услугите.

Една корисничка на Titt4tat раскажува како добила одлична понуда за работа веднаш по викендот со извршниот директор. Други известуваат за летови со авион до Дубаи, шопинг патувања до Париз или интимни вечери во луксузни колиби.

Денеска напладне завршува Светскиот економски форум во Давос, но дали и резервациите?

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ