Кривична за кичевчанец, во сообраќај со „бмв“ и со 2,11 промили алкохол

Полицијата фатила кичевчанец со „бмв“ и со 2,11 промили алкохол.

-На 04.10.2025 во 00:30 часот, на улица „Магистрален пат” во Кичево, лишен од слобода е В.А..(52) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патнички автомобил „бмв” со кичевски регистарски ознаки, што тој го управувал и притоа, кај него констатирале 2,11 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 од Кривичниот законик „ безобѕирно управување со моторно возило”, информираат од МВР.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ