МВР поднесе кривична против двајца кумановци, кои тепале полицајци.
-СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ј.(47) и Т.Ј.(28) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста” и „телесна повреда”, додека против второпријавениот и за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење на службени дејствија”. На 23.08.2025 во с.Макреш, општина Старо Нагоричане, пријавените, физички нападнале полициски службеници додека извршувале службени дејствија, информираат од МВР.




