Вера Атанасовска од синдикатот за култура во денешата емисија „Стадион“ на Канал77 зборуваше за проблемите на културните работници, особено со платите, кој е повеќегодишен проблем.
-Во моментот во културата, во однос на платитие, имаме колективен договор во кој правата се уредени, само треба почитување. Од министерот се бара само тоа, да се испочитуваат договорите. Во култура не е испочитуван општиот колективен договор за јавен сектор, каде на целиот јавен сектор се покачи платата за 10 проценти и тука настана проблемот. Тие 10 проценти не се искалкулираа точно во пресметката. Министерот кој доаѓа од нашата фела и со кој заедно се боревме баш за имплементација на тие 10 проценти можеше да гор еши овој проблем, а не платата во културата да се намали за три проценти.Тужбите се дадени уште во април минатата година кога ни се скратија платите и во текот на овој процес имаме добиено над 20 судски пресуди. Апелција ја има вратено пресудата на повторно судење. Се уште не ја имаме добиена за да видиме кое е образложението. Повторното судење ќе каже што понатаму, вели Атанасовска, а во однос на платеите во културата и (о)зборувањата дека и овие им се големи кажа:
-Со една плата во културата не можеше да се преживее месецот. Бевме како глувци во канцеларија за една мизерна плата. Интелектуалците, уметниците, мгистри, доктори на науки беа поблиску до минимална отколку до просечна плата. Затоа и се формираше синдикатот. А сите плати во културата се врзани со колективниот договор, а тоа е што се врзани со растот на минималната плата.
Целото интервју мже да го гледате на видеото подолу:






