Несекојдневен настан се случил викендов во Ѓорче Петров, откако полицијата привела лице кое лажно се претставувало како православен свештеник и во гробиштата на празникот Митровденска Задушница обавувал лажни верски обреди за пари.
Од МВР кратко информираат дека на 1 ноември 2025 година, на гробиштата во Ѓорче Петров, полициски службеници го легитимирале Б.П., кој извршувал верски активности. Од МВР соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.




