Лажни се пораките до Тошковски од Росица, срамота за СДСМ, велат од ВМРО ДПМНЕ

Срамота е СДС да прави прес-конференции со измислени материјали, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, а с однесува на тоа дека неодамна убиената Росица му пракала пораки за помош на министерот Панче Тошковски.

-Пораките за кои СДС зборува се тотална измислица и фабрикација на нивната кујна за лаги и манипулации. Лагите и манипулациите се најсилното оружје на СДС, таму најдобро се снаоѓаат во недостаток на конкретни политики. Да се излезе со фабрикувана порака на убиената Росица, со тврдење дека е вистинита е повеќе од лага, тоа е злоупотреба на смрт на една млада девојка во политички цели, што е надвор од сите морални основи и некрофилство од невидени размери. До каде ќе оди умноболието на СДС, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ