Лебот останува со иста цена – стабилен е пазарот со пченица

Лебот нема да поскапи, рече денеска претседателот на Сојузот на стопански комори (ССК), Горан Ѓорѓиевски.

Како што истакна на прес-конференција, стабилна е цената на пченицата, а нема да има големи флуктуации ниту во однос на суровото сончогледово масло.

Одговорајќи на новинарски прашања во врска со евентуалните нови владини мерки, Ѓорѓиевски нагласи дека бизнисот не е за замрзнување маржи, туку за пазарно формирање на цените.

Според него, треба доследно да се применува Законот за нефер трговски практики.

Во однос на минималната плата, Ѓорѓиевски потенцира дека мора да има одржлив баланс кога се работи за платите. Покачувањето на минималната плата, рече, влијае на зголемување на сите останати плати.

-Проблем не е бизнисот, туку администрацијата. Треба да научиме дека треба да работиме за да земаме плата. Треба да креираме ситуација на работње во општеството, напомена претседателот на ССК.

Тој што е квалитетен во приватниот сектор зема одлична плата, смета Ѓорѓиевски, а оние што не се задоволни си заминуваат.

МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ