„Леонтина и Теодор први рекоа мамо, а Михил и Ведран се поитри“ – Штипската четворка денес слави роденден

Фото: Приватна архива

Штипската четворка денес полни две години.. Весело е во семејството Зикови, бидејќи Леонтина, Теодор, Михаил и Ведрaн слават роденден.

-Среќен втори роденден на нашите четири душички! Денес славиме две години безусловна љубов, смеа и најубавата музика- вашите чекори, насмевки и гласчиња што го исполнуваат домот со радост.
Вие сте нашето чудо, нашиот благослов од Бога. Вашиот невин поглед, неисцрпна енергија и љубовта што ни ја подарувате ни ја топлат душата секој ден. Сè што ви посакуваме е да растете живи и здрави, среќни, весели и секогаш свои. Нашите четири срца со вас животот има најубаво значење, напиша мама Благица.

Таа на својот Фејсбук профил обави емотивно видео, кое можете да го видите ТУКА.

Поминаа две години, а како вчера да беше изненадувањето кога одекна веста дека се родила четворка.

Кога е забавно и интересно времето бргу поминув, така вели мама Благица.

-Многу бргу ми помина времето, а како вчера да беше кога се родија. Не самошто си личат, туку и слични крактери се. Леонтина и Теодор први рекоа-мамо! Еден по друг во исто време. Теодор прв прооди а Леонтина прва прозборе. Ведран и Михаил, пак се поитри, повеќе се по лудориитеи мнгу брзо сфаќаат и памтат. Души. Секој ден со по нешто не изненадуваат. Секој ден се повеќе и повеќе зборуваат. Телевизија не гледаме ама веќе знаат да бројат и скоро сите животни ги знаат. И по некоја песничка. Дечиња, среќа, вели мама Благица и додава:

-Откако почнаа да одат во градинка полесно е за нас а на нив им е поубаво. Сега веќе можам да си одвојам време за себе и работам од дома. Колку толку, брем малку да помогнам н сопругот во финансиите, рече Благица.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ