ExYu
Fresh
Cafe
Radio EastGate Mall
Play button

Подаруваме

Магија на радио: Канал 77 ја исполни желбата на специјална девојка

today15/01/2024 241 2

Background

Нашата вечна мисија е да се грижиме за среќата на нашите слушатели, а токму на тој начин ја завршивме и ланската 2023та која особено среќно заврши за семејство Смилкови кои се добитници од наградната игра „Листа на желби“ што ја реализиравме во соработка со нашите пријатели од Флекс Кредит.

Никола Смилков за нашата наградна игра се пријави со следнава порака:

Имам ќерка со аутизам. Мојата најголема желба е да и купам телефон, затоа што таа не може без мобилен телефон. Нема сопствен телефон и постојано го зема мобилниот на мајка и. Каде и да одиме таа постојано бара мобилен телефон за да игра игри или да слуша музика кои ја прават среќна. Оваа сума значително ќе помогне при фундирање за мобилниот телефон на мојата ќерка.

Кога ја прочитавме желбата на Никола, не ни беше потребна ни секунда повеќе за да одлучиме дека ќе ја исполниме токму неговата желба.

Бевме пресреќни кога деновиве Никола ни пиша дека желбата на Христина е исполнета токму со наша помош, а прекрасната вест ја дознавме преку фотографија од насмевнатата Христина, што ни е дополнителен мотив да се грижиме за вашата среќа.

Ова е преубавата порака што ја добивме заедно со фотографијата.

Ова е Христина, девојката со аутизам. Христина го доби телефонот кој и го ветивме за Нова Година благодарение на наградата која ни ја доделивте вие и вашите пријатели Флекс Кредит. Сакаме да испратиме огромна благодарност што внесовте голема радост во срцето на Христина, а нам ни го разубавивте денот. Наградата многу ни значи, но уште повеќе ни значи тоа што ја прочитавте нашата приказна и ја издвоивте како важна да се слушне. Знаете во моментот кога ќе сфатите дека детето не ви е добро животот ви го задава првиот удар, а потоа следуваат и низа други. Но, сепак понекогаш се случува и нешто убаво, некој сосема непознат ќе ти се насмее, ќе ти пружи помош и ќе видиш дека животот е убав, тежок, но убав. Уште еднаш голема, огромна благодарност до Канал77 до Христина и Мирко и се разбира Флекс кредит. Најдобри сте! Голем поздрав од фамилија Смилкови.

Остануваме заедно и оваа 2024та, за што е можно побројни среќни моменти, од нас – за вас.

Објавено од: Kire Andonov

Rate it
0%