Марјан Калевски од „Зелен хуман град“, кој е светник во Град Скопје и се подносители на иницијативата за Усје беше гостин во „Стадион“ на Канал77. Во разговорот тој зборуваше за дислокација на Усје, за измените на законите со кои ќе се спречи загадувањето од индустријата, како и јавен монитринг.
-Ова е прв пат во историјата на Град Скопје, Советот официјално да го издвои Усје како најголем загадувач и да побара дислокација. Треба да побараме измена на Законот за амбиентен воздух во кој ќе се наметне мониторинг од 24/7 јавен мониторинг и бришење загадувањето да биде деловна тајна од Законот за контрола на индустрики емисии. Усје отворено одби да каже колку отпаден гас произведува а тоа е клучната информација да каже колку ПМ честици емитира во Скопје. Што е најстрашно нивната дозвола не ги обврзува тие податоци да ги објават јавно, како и јавниот мониторинг. Тоа се следните чекори што ќе ги бараме, рече тој и додаде:
-Не знаеме што прават мерните станици што ги прават тие. Македонија е една од најкорумпираните земји во светот и ништо од ова што го кажуваат не може да се знае дали е точно, а земјата ни е една од најзагадените во светот. Да не беше корупцијата толку голема нмаше ни земјата да ни е најзагадена. Мониторингот што го имаат ги обврзува само за 2/3 од времето, а ние бараме 24/7 часа, рече Калевски.
На прашањето што прави Министерството за екологија и инспекторите тој рече:
-Има, но работата е кога они најавуваат дека ке одат на инспекција индустриите имаат можност да го прилагодат процесто. Од Усје тоа го негираа, но ние не веруваме и зата бараме мониторинг. Голем проблем е што не знаеме колкава количина отпадни гасови испуштаат, кажа тој.
Целото интервју погледнете го во видеото:







