Руди Гарсија, селекторот на белгиската фудбалска репрезентација, беше разочаран по резултатот 0:0 во Скопје од квалификациите за Светското првенство 2026. Со освоениот бод, Македонија остана лидер на табелата во пресрет на последните два натпревари од квалификацискиот циклус.
-Ништо не можам да им забележам на фудбалерите. Создадовме многу шанси и имавме огромен број удари кон противничкиот гол, но македонскиот голман бранеше извонредно. Кога не можеш да победиш, важно е барем да не загубиш“, изјави Гарсија.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски по завршување на натпреварот изјави дека е задоволен од играта во одбрана, но не и во организација на играта.
-Извлековме максимум од овој натпревар, иако планот беше да имаме поголем посед, да играме и кон напред. Секако дека и противникот влијаеше на нашата игра. Белгијците имаат одлични играчи во средниот ред. Најважно е дека вечерва го имавме тој „фактор икс“. Да издржиме до крај и кога се браниме, да покажеме карактер. Среќни сме, останавме на првото место и сега треба да се фокусираме на следниот меч, рече Милевски.
Македонската репрезентација в понеделник (13 октомври) ќе го пречека Казахстан во Скопје.
Фото: ФФМ





