Македонските фудбалери освоија бод против Белгија во Гент: Квалификации СП 2026

Фото: ФФМ

 Македонската фудбалска репрезентација ги задржа шансите за пласман на Светското првенство 2026, откако вечерва одигра нерешено 0-0 против Белгија на гостувањето во Гент и остана првопласирана во квалификациската група Ј.

Првото полувреме, според очекувањата, донесе целосна офанзива на Белгија, но македонската одбрана беше на висина на задачата.

Белгискиот тим во првиот дел имаше 81 отсто посед на топката, но ниту еден удар во рамките на голот на Димитриевски.

Второто полувреме донесе иста слика на теренот на Планет арена во Гент, но Димитриевски ги одбрани сите опасни удари кон неговиот гол кои ги упатија Доку, Де Брујне, Онана и Опенда и беше најзаслужен за освоениот бод со кој македонската репрезентација остана на чело во групата со 12 бодови, еден повеќе од Белгија, која има натпревар помалку, а два бода повеќе од третопласираниот Велс.

Октомврискиот циклус во мундијалските квалификации македонските фудбалери ќе го заокружат в понеделник кога на Арената „Тодор Проески‘ во Скопје ќе го пречекаат Казахстан, кој денеска ја забележа втората победа во групата Ј, совладувајќи го Лихтенштајн со 4-0, додека Велс ќе ја пречека Белгија во Кардиф.  МИА

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ