Македонски коментатори на Арена спорт Македонија – по 52 години МРТ без преноси од Мундијал

Промовиран е тимот на новите канали на Арена спорт на македонски јазик, каде преминува тим од познати спортски новинари од националниот сервис и неколку од другите македонски телевизии.

Тони Стојановски од МТВ е менаџер на проектот, кој лани во септември по 13 години работа се одјави со последниот пренос од натпреварот Македонија ЃП – Пелистер, додека меѓу останатите имиња се Горан Стерјов, Зоран Мишевски, Перо Момировски, Дамјан Николовски, Југослав Костовски, Александар Табаковски, Марија Коцева, Игор Паневски, Златко Андоновски и Иван Димовски.

Програмата на Арена спорт Македонија официјално започна вчера и веќе може да се следи од корисниците на Мтел операторот, додека се очекува и вклучување на каналите и од А1 и Телеком. Арена спорт Македонија ќе ги замени трите канали на Арена Премиум. Во најавата на почетокот со работа на програма е промоцијата на натпреварите од Светското првенство во фудбал што ќе се игра во САД, Канада и Мексико со македонски коментатори. Тоа значи дека по цели 52 години, националниот сервис нема да врши преноси од еден мундијал.

Случувањата од Мундијалот ќе ги споделува и познатиот спортски новинар, Мијалче Дургутов на својот на канал на Јутјуб, кој останува верен на опредлебата да ги следи фудбалските првенства во фудбал и да споделува на интернет.

Што се однесува до Арена спорт Македонија, најавено е дека покрај Мундијалот, ќе емитува и фудбалски, кошаркарски и ракометни натпревари, како и автомото спортови.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ