ExYu
Fresh
Cafe
Radio EastGate Mall
Play button

Билет во два правци

Македонски лекарски дипломи за германски болници

today26/12/2018 54

Background

Над 600 лекари од јавното и приватното здраство ја напуштија Македонија.Состојбата е алармантна.Од здружението на приватни лекари апелираат-граѓаните ќе бидат доведени во ситуација да нема кој да ги лекува.

За вработување ,партиската книшка побитна  од просекот
Дваесет и четири годишниот Страхил Тодоров од Велес  пред шест месеци дипломира на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Во неговото C.V.пишува дека образованието  го  завршил навреме, за шест години, со просек  9,76. Тој одлично го владее англискиот и почнал да учи германски јазик. Но сите постигнати резултати на младиот лекар по општа пракса не беа доволни првото вработување да го добие во родниот град. Во изминатите шест месеци, во два наврати, наместо д-р Тодоров други лекари облекоа бели мантили во јавните здравствени организации  а петмина  седна и во  професорското столче на медицинската паралелка во средното хемиско училиште во Велес. Сите имаа далеку послаб просек ама и книшка на владејачката партија, вели д-р Тодоров.

,,Како резултат на непотизмот и политичките притисоци како единствен начин за вработување јас не успеав да се вработам иако бев најдобар од сите кандидати ама бев неподобен по сите основи. Затоа моето прво вработување го гледам во Германија која во моментов е една од најлибералните за младите доктори по општа медицина“ смета д-р Тодоров.

Над 600 лекари ја напуштите Македонија ,што ќе ги врати назад ?
Страхил Тодоров  е само еден од десеттиците млади штотуку завршени македонски лекари кои ќе побараат работа во странство оти таму не бараат партиска книшка. Пред нив тоа веќе го сторија неколку стотини искусни лекари кои ставија катанец на приватните амбуланти или дадоа откази во јавните здравствени организации во државава. Според резултатите од анализата на Хелд- групер, најголемата истражувачка организација во областа на здравјето,  здравствените и социјалните политики во регионот, незадоволство од висината на платите, општествениот углед како и напредување во кариерата  биле причина досега Македонија да ја напуштат 612 лекари од јавното или приватно здравство.

,,Повеќе од 70 проценти од тие што се иселиле рекле дека политичката состојба или клима е битна што решиле да се преселат. Под политичка клима се подразбира дека морате  да се вработите само ако сте член на политичка партија. И тоа го кажуваат јавно. Ако не сте член на политичка партија не можете да се вработите,, вели д-р Владимир Лазаревиќ – основач и извршен директор на Хелд Групер.

 Се затвараат приватни здравствени амбуланти,стотици пациенти се без матичен лекар
Потврда за мигрираните 612 искусни македонски лекари даде и претседателот на Лекарската комора на Македонија, д-р Кочо Чакаларовски.  Инаку,пред три години,прва за миграцијата на лекарите од Македонија во Германија, Австрија, Франција, Швајцарија и Скандинавските земји алармираше претседателката на Здружението на приватни лекари, д-р Лилија Чолакова Дервишова. Таа тогаш соопшти дека масовно се затвораат приватни здравствени амбуланти во Источна Македонија и стотици пациентите се без матичен лекар.

,,Апелиравме веднаш дека нешто се случува во државата.Целата младина интензивно почна да учи Б2.За многу кратко време,Германија почна да ги прима, но не само од Македонија.Тоа е појава карактеристична за  целиот регион,една масовна појава на одлив на кадар.Заминуваат доктори кои штотуку завршиле но и доктори кои што веќе се оформени, со големо  искуство, пластични хирурзи,хирурзи,анестезиолози.Апелиравме како здружение кое што се грижи за здравството  што треба да се примени за да биде подобро,бидејќи верувајте ми на народот му треба доктор.По болниците недостига стручен кадар кој што би работел,бидејќи апаратите не ја прават болницата, туку докторот со своето знаење, со своето искуство.вели  д-р Чолакова Дервишова.

Таа додава дека денеска состојбата е далеку по алармантна. Граѓаните во Македонија ќе бидат доведени во состојба да нема кој да ги лекува , алармира д-р Лилија Чолакова Дервишова.

Иселувањето влијае на демографските промени
Секоја држава мора навремено да ја менаџира миграцијата на позитивен начин, во спротивно миграцијата ќе создаде контраиндикации со кои ќе го разниша мирот и развојот во државата, дециден е професор доцент д-р Златко Николовски. Неговото 25 годишно работно искуство во миграциските служби на Македонија, професионално како и научно следење на миграциите, му дадоа за право да ги пофали властите во Македонија за преземените формално правни мерки. Македонското Собрание донесе две Резолуции за миграциска политика 2009 – 2014 и 2015 – 2020 година и посебно втората е добра иако можеби требало повеќе внимание да се посвети на делот кои го пропишува зајакнувањето на врските на нашата држава со дијаспората, вели д-р Николовски

,,Потенцијалната миграција достигнува загрижувачки димензии во Република Македонија. Буквално младите, средношколците, студентите посебно високообразованиот кадар од техничките и природните науки заминуваат од државава. Заминувајќи тие влијаат врз демографските промени. Намалувањето на нивото на човечкиот капитал во РМ можеби не утре ама дефинитивно за кратко ќе се почувствува на развојот на целото општество.“ тврди д-р Николовски.

Тој додава дека повеќе земји од регионот, пред да влезат во ЕУ, се соочија со исти проблеми. Бугарија и Романија проблемот го решаваат со увоз на работници од Индија. Македонија е многу мала земја за да си дозволи таков луксуз и не смее да дозволи пораст на невработеност, дециден е д-р Николовски.

,,Порастот на невработеноста на високообразовани кадри, не почитување на трудот, потценување на стручноста, ограничени можности за промоција на професијата, формираните заедници на македонски граѓани во странство се битни детерминанти зошто децава бегаат односно младите и стручни кадри. Но јас ке кажам дека влијаат и партиските притисоци во оваа држава, без разлика која политичка опција е на власт, сака да ги искористи младите луѓе и да ги стави под контрола уште кога се ученици во осмо одделение лепејќи плакати по улиците за одредена политичка партија и насочувајки ги во средно и на факултет да бидат послушници на партијата,, рече д-р Николовски.

Постоечките мерки се или неатрактивни или неприменливи
Она што треба да го направат властите во локалните македонски заедници како и централната Власт во Македонија, според овој експерт за миграција, е итно преземање на превентивни мерки. Тие се состојат во поттикнувањето на соработката на бизнис секторот и високообразовните институции за да можат домашните компании да ги прифатат, барем, најдобрите студенти и да се спречи одлевањето на т.н мозоци од државата. Државата да  подготви програма за стипендирање на вработување на  талентирани студенти, локалните власти да отворат инфо центри за комуникација со македонски студенти кои дипломираат на реномирани универзитети во Европа и низ светот, создавање на мрежа на научници за прилив на мозоци од регионот и светот, како и програми за враќање на македонската дијаспора во матичната земја со поволности за инвестирање на нивниот капитал во Македонија.

Некои од овие мерки иако без некој посебен ефект веќе се применуваат , некои доправа треба да се прифатат и реализираат .Мора итно и решително да се реагира, зошто време за чекање нема.Како што тргнале работите,може да се случи граѓаните во Македонија ќе бидат доведени во состојба да нема кој да ги лекува,апелира д-р Лилија Чолакова Дервишова.

Мислењата искажани во оваа содржина, не нужно го рефлектираат ставот на Канал 77 или неговиот донатор.

 

Објавено од: Viktor Gavrilov

Rate it
0%