Македонците ќе можат туристички во САД, но имигрантските визи се под суспензија – Македонија во друштво на Јемен, Белизе, Косово  

Македонија е во друштво на 74 други земји, чии граѓани нема да можат да добијат имигрантска виза за преселба во САД, бидејќи почнува ревизијата на системот за проверка и селекција на апликантите. Не се знае до кога ќе трае овој процес, но засега американските конзуларни служби нема да процесираат нови апликации за имигрантски визи од Македонија. Тоа значи дека македонските државјани кои планирале да аплицираат за имигрантска виза на пример, за трајно преселување или спојување со семејство ќе мора да чекаат. Веќе поднесените апликации ќе бидат стопирани и процесот ќе биде замрзнат на „неодредено време“.

Ова е мерка што ја воведе администрацијата на претседателот Доналд Трамп е со цел да спречи влез на имигранти кои би можеле да станат „јавен товар“, што значи да зависат од американскиот социјален систем и државна помош. Одлуката е дел од поширока политика на администрацијата на Трамп за рестрикции кон имиграцијата.

Од земјите од регионот визите се замрзнати за државјаните на Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Албанија, додека Србите слободно ќе може да аплицираат. На листата на земји под суспензија се и Русија, Иран, Авганистан, Бразил, Тајланд, Ирак и други.

Одлуката не се однесува на неимигрантски визи во кои спаѓаат туристички, студентски или работни визи кои не се имигрантски. Од оваа мерка директно се погодени граѓаните кои сакаат семејна миграција, односно спојување со членови кои веќе имаат визи во САД и чекаат да се преселат.

Има бројни реакции по објавувањето на одлуката до чудење дека Македонија е во друштво на земји од Африка и меѓу земји кои се сметаат за ризични. Опозициската СДСМ во соопштение реагира дека владеењето на ВМРО-ДПМНЕ ја довело земјата до ваков статус, а САД ја става Македонија „во периметар“ со држави како Сомалија и Сирија.

Американската администрација во април 2025 година ги зголеми и царините кон Македонија на 33 отсто, а потоа во август минатата година ги намали на 15 отсто.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ