Малолетник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово, полицијата го приведе

Тинејџер од Куманово монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка, полицијата го приведе и ќе му поднесе пријава.

– Вчера во 15:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 16-годишник од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека на социјални мрежи објавувал монтирани слики со експлицитна содржина од малолетничка, соопшти полицијата.

Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ