Меѓу затруените ученици е и детето на премиерот

Меѓу погодените во масовното труење на учениците во ОУ „Димо Хаџи Димов“ се најде и помладиот син на премиерот Христијан Мицкоски, кој веќе два дена е хоспитализиран. Според информациите, неговата состојба е стабилизирана, но случајот ја отвори приказната пошироко од едно училиште – директно кон прашањето колку е безбеден системот за контрола на храна и вода во јавните установи.

Првите симптоми кај децата се појавија по организираниот училиштен оброк, по што најмалку четириесет ученици пријавија стомачни болки, мачнина и малаксаност. Повеќето деца се од пониските одделенија кои секојдневно јадат во училиштето.

Институциите реагираа со вонредни инспекции. АХВ, ДСЗИ, ИЈЗ и ЦЈЗ земаат мостри од храната, работните површини и приборот, а кујната е привремено затворена додека трае истрагата.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ