МЗ ја достави целата документација за надзор на Стоматолошката комора до ЈО за натамошно постапување

Целокупната документација и наодите од извештаите на комисиите во врска со работењето на Стоматолошката комора, се доставени до Јавното обвинителство за натамошно рагледување и постапување, согласно законските надлежности, информираат од Минситерство за здравство.

-Доставени се трите извештаи за работа на комисијата за вршење надзор над законитоста на работата во вршење на јавното овластување на Стоматолошката комора од 25.02.2025 година, од 15.05 2025 и од 21.05.2025 година, посочуваат од Министерството и додаваат дека дополнително е доставено и известување до Стоматолошката комора од 11.03.2025 година, како и списи и документација од секторот за стоматолошка здравствена заштита. Во врска со процедурата за добивање или продолжување лиценца на докторите по стоматологија, за што времено ги презедовме надлежностите, докторите може да ја достават документацијата во нашата архива, до сектор за стоматолошка здравствена заштита, информираат за МИА од Министерството за здравство, информираат од минситерството. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ