Милиони слободни работни места низ Европа ама нема кој да работи

Фото: pixabay

Повеќе од еден милион работни места се моментално отворени во Германија, околу 780.000 во Велика Британија, додека Франција бара над половина милион работници. И покрај високата невработеност во Европската Унија, има работа, но нема кој да ја работи.

Според податоците на Евростат, во вториот квартал од 2025 година, дури 2,1% од сите работни места во ЕУ останале непополнети. Ова значи дека работодавците низ Европа активно бараат работници, но не можат да ги најдат, објавува  Euronews Business.

Најмногу слободни работни места има:

  • Германија – 1,05 милиони
  • Велика Британија – 781.000
  • Франција – 504.000
  • Холандија – 400.000

Од поголемите земји, Италија бележи пониска стапка од просекот со 1,7%, додека на другиот крај од листата се Романија (0,6%) и Шпанија и Полска со само 0,8% слободни работни места.

Проблемот не е само бројот на работници, туку и недостатокот на вештини. Според истражувањето на МанпоњерГроуп, дури 75% од европските работодавци тврдат дека не можат да најдат вработени со соодветни квалификации, што е огромен скок во споредба од пред пет години.

Најголемиот проблем со недостатокот на персонал е во северните и западните земји на Европа, додека во источните и јужните делови побарувачката за работници не е толку изразена, пренесува Бизлаив.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ