Млад кумановец загина во сообраќајна несреќа во село Длабочица

Дваесет и едногодишно момче од Куманово со мотоцикл излетал од патот и починал, соопшти денеска СВР Куманово. 

-Вчера во во 17.25 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Длабочица се случила сообраќајна незгода во која моторцикл управан од А.Д. (21) од Куманово излетал од патот. Во незгодата на лице место починал А.Д., информираше полицијата.

Екипа на СВР Куманово извршила увид.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ