Најголемата лага е дека македонските работници се непродуктивни – Средната продуктивност е над светскиот просек со 36 долари по час, вели Трендафилов во „Стадион“

Светска организација – Меѓународната организација на труд (МОТ) со своите анализи правени на терен во Македонија, го демантира раширеното и намерно креирано мислење дека македонскиот работник е продуктивен. Напротив, продуктивноста е над светскиот процес, кажа претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), повикувајќи се на податоците од МОТ, организација, која ја мери продуктивноста во земји како САД, Бангладеш и останатите.

-Македонскиот работник по продуктивност е со средна продуктивност и е над светскиот просек. Дека сме непродуктивни, е најголемата лага и манипулација на овие професори со 150.000 денари плата, кои никогаш не живееле на минималец. МОТ, како светска организација кој прави анализи во сите земји утврди дека во Македонија еден работник  по е час обезбедува 36 долари бруто по работен час. Што значи дека не можете да рече дека македонскиот работник е непродуктивен, рече Трандифилов во „Стадион“.

Претседателот на ССМ изнесе уште еден споредбен податок – за распределбата на парите во компаниите. Овие податоци укажуваат дека тоа што го заработуваат македонските работници во околу 70 % одат за работодавачите, додека само 30 % останува кај работникот.  

-Светски организации, како и наши домашни организации кои прават истражувања, покажаа дека многу мал дел е за работничката плата, додека останатиот најголем дел е за работодавачот: 60-70% за капиталот, 30% е за работниците. Народна банка (НБРМ) објави податок на барање на новинар, кој покажа колку капитал се создава -работникот годишно на работодавачот му создава 5.000 до 10.000 евра нето добивка од плата, кажа Трендфафилов.

Видеото од разговорот може да го погледнете на овој линк:

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ