„Најдобри желби за вашата независност“ – Честитка од Трамп до Сиљановска Давкова за „8 Септември“

 Претседателката Гордана Сиљановска Давкова  во објава на Фејсбук сподели дека  претседателот на САД Доналд Трамп и упатил честитка по повод 34-годишнината од Денот на независноста на Македонија – 8 Септември. Сиљановска Давкова изразува благодарност за честитките за кои што оценува дека не се само потврда на цврстото американско-македонско пријателство и стратешко партнерство, туку и причина за нивно унапредување.

– Искрена благодарност до претседателот на САД и американскиот народ за честитките по повод 34 годишнината од 8 Септември, се наведива во објавата. 

-Пораките на признание, разбирање и поддршка, содржани во честиткатата, којашто ми ја предаде амбасадорката Анџела Агелер, за нас се не само потврда на цврстото американско-македонското пријателство и стратешко партнерство, толку потребни во време на обиди за ставање крај на воените конфликти, справување со меѓународниот криминал и гарантирање траен мир и безбедност, туку и причина за нивно унапредување!, се посочува во објавата на Давкова. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ