Македонската радиотелевизија (МРТВ) синоќа во 19:30 часот не ги емитуваше главните вечерните вести. Официјално, од МРТВ кратко информираат дека станува збор за технички проблеми. Наместо вести, беше емитувана реприза на кулинарско шоу.
Освен главните вести, не беше емитувана и политичката програма каде што требаше да бидат претставени дел од кандидатите за градоначалници. Наместо предизборна дебата, гледачите на програмата добија игран филм, планиран за по завршување на дебатата.
Од изутрината вестите се слика и тон.
По објавувањето на информациите за техничките проблеми, со соопштение стигна објаснување од МРТВ дека се работи за сериозен технички проблем.
„Се врши проверка дали станува збор за намерен упад во мрежниот систем, поради постоечките сомнежи за пробивање на заштитниот механизам од надворешни напади и влијанија. Во расветлувањето на случајот ќе бидат вклучени сите надлежни државни институции“, соопшти јавниот сервис.
Во последната Анализа на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2024 година на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), за МТВ пишува дека за прв пат имаше стабилно и целосно буџетско финансирање Ова треба да е основа за техничко и технолошко подобрување.
Во МРТВ по повеќегодишна блокада беше избран нов Програмски совет, која е своевидна замена за Управниот одбор, но раководството останува исто со години, иако одамна му е истечен мандатот. Марјан Цветковски, кој беше обвинет во предметот на СЈО „Пропаганда“ е на директорската функција е 13 години, од 2012 година, иако законски има ограничување на мандатот. На ова повеќе пати е свртувано внимание во релевантни анализи.





