Холандски насилник купил евтина машина за тетовирање преку интернет и ја користел за да покрие речиси 90% од телото на неговата тогашна девојка Јоук, за да покаже дека таа е негова „сопственост“, според организацијата Spijt van Tattoo, која започнала кампања за собирање 35.000 долари за отстранување на тетоважите.
Како што изјави портпаролката на организацијата, многу од тетоважите биле на „места за кои тoj мислел дека биле допрени од други мажи, како што се нејзините гради и задник. Тоа било знак на контрола и поседување“.
Оттогаш, голем дел од тетоважите се отстранети, особено на нејзиното лице.
-Јоук се надева дека повторно ќе биде без тетоважи до крајот на годината, изјави портпаролката на организацијата.
Според раководителот на организацијата, поранешниот партнер на Јоук „почнал да ја следи, да ѝ се заканува и да ја заплашува сè додека не ја дрогирал со алкохол и дрога, што на крајот ја оставило неспособна да се брани. Секој разумен човек знае дека некој не би направил доброволна тетоважа во близина на окото, носот или увото“.
Девојката која била жртва на ваков вид злоупотреба тврди дека го пријавила својот бивш партнер кај холандските власти, но ништо не било преземено „ бидејќи било правно тешко да се докаже. Нејзиниот бивш тврдел дека таа се согласила“.
Јоук се надева дека ќе биде без тетоважи до крајот на годината, а сите преостанати пари ќе одат за помош на други жртви на семејно насилство. Како што вели таа, „некој што е длабоко повреден може повторно да се издигне. Ако јас можам да го направам тоа, може и некој друг“.









