На фрекфентна улица во населбата Сењак во Штип, малку пред главната раскрсница, синоќа некој се обидел да отвори банкомат. Единствено што успеал е да ја оштети едната страна на банкоматот, но не и да си замине со „новогодишното пакетче“. Банкоматот останал неотворен.
Инцидентот го потврдија од СВР Штип. Во полицијата било пријавено во 22:17 часот, а пријавата е заведена како „оштетување на туѓи предмети“.
Интересно е што настанот се случува вечерта, кога се’ уште има движење на луѓе, а многу од околните дуќани имаат инсталирано видео надзор.
Денеска банкоматот не е во функција и може да се види дека е осигурен од едната страна.





