Нема кафе во Солун – Евзони е блокиран од грчките земјоделци за сите видови возила

Фото: Видео принтскрин

Сообраќајот на ГП Богородица од 18 часот е блокиран за сите видови возила поради штрајк од страна на грчките земјоделци, соопшти АМСМ. 

Оттаму претходно, во 17:45 часот, информираа дека „Богородица“ е отворен само за патнички автомобили, а ГП „Меџитлија“ за сите видови возила. 

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 метри има на планинските превои Ѓавато, Плетвар, Стража и Крушево.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ