Тажна вест од естрадата, утророво почина пејачката Невбахат Бади Бекир . Покрај соло кариерата, пејачка на фолк песни, Бади настапуваше и со групата „Четири грации“, каде покрај неа дел бе и Благица Павловска, Адријана Алачки и Росана Тодоровска.

-Се измачи. Имаше мозочен, па тумур на глава, а подоцна и метастази. Примаше хемо терапија, но…. Немаше спас. Беше свесна за се ама не се можеше поинаку, велат нејзини блиски за Канал77.
Информацијата за смртта на Бади ја потресе и естрадата, бидејќи таа долги години пеше македонски фолк песни, а учествуваше и на многу фестивали.
-Пред крајот на летото се слушнавме и јас бев шокирана кога ми рече дека е болна. „Не бива, чекам да си заминам“ ми рече и ме стресе. Не знаев дека е болна и уште повеќе дека е во толку тешка ситуација, и рече нејзина колешка за Канал77.
Бади дебитираше во 1985 година на фестивал на забавни мелодии. Паралелно пееше на турски, албански и македонски јазик. Најплоден период на нејзината кариера е за време на големите југословенски турнеи. По распадот на Југославија и се посветува на македонската фолк песна. Следат настапи на македонските фестивали, соработка со бројни автори и турнеја во Австралија во 2002 година. Во 2004 година станува една од Грациите. Во 2006 година прославува 20 години постоење на естрадата.
Подоцна се разочарува, се повлекува од естрадата и се посвети на приватниот бизнис. Отвори фризерски салон, а тоа и одговараше на нејзиниот каракте, бидејќи Бади беше секогаш во тренд.
-Жената секогаш треба да е убава, велеше таа, кога ќе се појавеше стокмена на некоја манифестација и ќе добиеше комплименти.
Прва од „Грациите“ од Бади се прости Росана.
-Бади, другарке, пријателке, колешке, каде брзаше. Не мис е верува, иту можам да поверувам дека не напушти. Беше секогаш реална и прецизна, никога не сакаше да оставиш ништо на случајност. Беше педантна и многу самокритична. Нашата дружба беше фантастиќна, заедно со четирите грации. Животот знае да биде суров и да нема редослед. Почивј во мир мила Бади, иако таму кај што одиш којзнае искреноста и позитивноста на човек значи нешто, напиша Росана.




