Не гаснете без опрема, чадот и гасовите може да убијат, ги предупреди професорот Чибишев граѓаните и пожарникарите

Фото: Фејсбук

Професорот Андон Чибишев од Универзитетската клиника за токсикологија упати пел до сите грѓани, но и професионалците да внимаваат на здравјето и на вдишувањето отровни мтерии, додека гаснат пожар.

-Жал ми што повторно морам да предупредам дека е крајно ризично, и не треба да се вклучуваат во гаснење на пожари граѓани кои на никаков начин не се заштитени од штетното дејство на чадот и отровните гасови. Јаглеродниот моноксид и цијанводородот убиваат без предупредување . Ги молам граѓаните , па и професионалците да користат заштитни средства и да бидат крајно внимателни бидејќи последиците од труење со отровните гасови можат да бидат многу сериозни, напиша професорот Чибишев.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ