Колку и да се каже не е доволно за да се опише болката по смртта на Панчо. Со емотивна порака се прости неговаа сопруга Маја, со која имаат два сина.
-Не се договоривме ва, душо моја, љубов моја, живот мој. Ме скрши на милион делови, напиша Маја на нејзниот профил на Фејсбук.
По седум месеци борба, по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Панчо не успеа да ги залечи раните, и душевни и физички. Почина утрово во болница, а во болница ги помина сите месеци по несреќата борејќи се за живот. Но, не успеа, ја загуби битката…





