Никој не ги покани во Србија, не сакам да ги видам, рече Вучиќ за најавената посета на делегација на ЕП

Вучиќ негираше дека планирал насилство, но се откажал откако добил повик од странство
Фото: Видео принскрин

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека делегацијата на Европскот парламент не е повикана од никого во државата и тој нема да се има средба со нив, но никого не избегнува. 

Вучиќ, кој е во Абу Даби за Неделата на одржливост, вели дека „мразителите на Србија рекле дека на 20-и-некој јануари ќе дојдат во Белград“.

– Тие никого не прашаа, ниту не информираа. Никој не ги покани и тие доаѓаат непоканети. Тие самите одлучија да дојдат тогаш, а јас имам закажано разговори во Давос во тој период од пред пет месеци. Велат дека ја избегнувам средбата. Не ја избегнувам, не ми паѓа на памет да губам време и да се сретнам со Пицула. Имам време да се сретнам со оние кои посакуваат добро за Србија, но не сакам да ги видам овие и не сакам да разговарам со нив, рече тој.

Претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, вчера изјави дека делегацијата на Европскиот парламент доаѓа без покана и дека нема да се сретне со нив бидејќи ќе бидат во посета на Естонија.

Делегацијата на ЕП ќе биде во Белград од 22 до 24 јануари.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ