Конститутивната седница на Советот на општина Штип е се одржи во среда, 29 октомври во 11 часот, кога и градоначалникот Иван Јорданов ќе до добие уверението за новиот, втор мандат. На оваа седница советниците ќе ги добијат своите уверенија што ќе им ги додели Општинската изборна комисија.
На изборите во Штип на 25 октомври, најмногу места во Советот доби коалицијата на ВМРО ДПМНЕ – 16, еден мандат повеќе од претходниот состав, СДСМ – 4 (две помалку), Левица – 2 (едно повеќе) и ЗНАМ – 1 советник. Советот на општина Штип брои 23 членови.
Во меѓувреме, таму каде што завршија изборите во првиот круг, од денеска започнаа да се одржуваат конститутивните седници. Претпладнето заседава Советот на општина Делчево, каде Иван Гоцевски од ВМРО ДПМНЕ е новиот градоначалник и доаѓа по два мандати на Горан Трајковски од СДСМ. На Гоцевски уверението му беше врачено во саботата.
Во Струмица за денеска во 11 часот беше закажано врачувањето на уверенијата на членовите на Советот на општината, откако новиот градоначалник Петар Јанков од ВМРО ДПМНЕ претходно го доби уверението за градоначалник. За попладне е закажано примопредавањето во градоначалничкиот кабинет, со што завршува 20-годишното владеење на СДСМ со Струмица.





