Нови 40 паркинг места кај штипскиот Економски факултет

Нови 40 паркинг места ќе добие просторот меѓу станбените згради кај штипскиот Економски факултет. Големиот број на студенти и станари ја создадоа потребата од проирување на паркинг просторите:

„Овде повеќе од 40 паркинг позиции ќе бидат создадени, во функција на студентите, професорите, жителите од околните седум кули кои имаат потреба од повеќе паркинг места, 800.000 евра е предвидениот буџет за реализација на ова проширување со паркинг позиции. Морам да истакнам дека како Локална самоуправа се преземаат активности за зголемување на паркинг местата во центарот на градот со тоа што три локации се предвидени за катни гаражи. Едната катна гаража во текот на следниот месец треба да биде ставена во функција, што ќе овозможи нови 50 паркинг места кај зградата Промаја, на три нивоа. Втората катна гаража која ќе почне да се гради е веднаш позади зградата на Општина Штип“-изјави Јорданов. 

Иван Јорданов, градоначалник на Општина Штип

Тој додаде дека дополнително паркинг места ќе има и со изградба на две нови паркинг платформи на река Отиња, како и на просторот до Трговскиот центар. За неколку месеци Штип ќе добие околу 300 нови паркинг позиции во центарот на градот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ