Ноќен експрес: Ни треба ли некое ново „Наше маало“?

„Наше маало“ е најгледаната телевизиска серија во Македонија, која се снимаше и емитуваше од 1998 до 2004 година. Проектот на Search for common ground имаше за цел мултикурното и мултијазично богатство во Македонија да го претстави како предност, а не како пречка за социјална кохезија и заедничко живеење.

Тоа беше храбар и ризичен потег во момент кога сите размислуваа живееја затворени во националистичките и етнички табори. Проект, кој иако се зборуваше на различни јазици постигна неверојатна популарност.

За серијата, идентитетот и апсурдноста на националната припадност и спортското навивање во историски и актуелно измешаниот комплициран и турбулентен регион разговараме со Ибрахим Мехмети, извршен продуцент на серијата „ Наше маало“.

Во најава на вечерашното издание на Ноќен експрес на Канал 77 од 21 до 22 часот.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ