Ништо не остана од патничко возило „фолксваген венто“ паркирано на новиот дел од булеварот „Партизанска“, кое според полицискиот извештај гореше ноќеска по 2 часот. Остатоците од возилот претпладнето се’ уште се наоѓаат на местото на настанот, барем она што остана по интервенцијата на пожарникарите.

„На 05.11.2025 во 02:50 часот во СВР Штип е пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Штип настанал пожар во патничко возило „фолксваген венто“ со штипски регистарски ознаки во движење, управувано од А.К.(26) од Штип. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Штип“, соопшто СВР Штип.

Увидна екипа изврши увид, по што ќе се утврдува причината за пожарот. По неколкуте запалени возила последната година и над дваесетината во текот на 2022 – 2024 година, останаа непознати за јавноста причината и еветуалните мотиви за пожарите.
Од кратките изјави на претходните министри за внатрешни работи, мотивот за претходните палења на возила во Штип беа како што изјавуваа „пресметка на криминални банди“. Но, засега нема објаснување дали овој случај има каква било врска со претходните случаи.





