Српската ѕвезда АцаЛукас ноќеска бил уапсен во локал во Кавадарци, каде настапувал. При проверка на МВР на локлот констатирано е дека Лукас нмал дозвола за настап, а во објектот имало мнгу повеќе луѓе од дозволеното.
-Утрово во во 00:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа А.В. (57) од Република Србија. При вршење на акциска контрола во угостителски објекти на подрачје на Кавадарци, од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци, Одделение за криминалистички работи при СВР Велес, инспектор за странци од Регионален центар за гранични работи Југ, заедно со Државен пазарен инспекторат, Државен инспекторат за труд и Управа за јавни приходи, било констатирано дека во угостителски објект во Кавадарци А.В. настапувал без потребната дозвола, соопштија од СВР Велес.
Од СВР Велес за медиумите велат и дека при контролата во угостителскиот објект биле констатирани и други прекршоци, УЈП за неиздавање на фискална сметка, недозволено пушење, а ДПИ е констатирал дека имло многу повеќе гости од дозволеното, за што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, изјавиле од СВР Велес.
Градоначалникот на Кавадарци за медиумите изјави дека не им треба второ Кочани.
-Организаторите на концертот на Лукас не добија дозвола од општината, но и покрај то организираа концерт. Нам не ни треба Кочани, изјави тој за Сител




