Обвинителството се уште не ја добило пресудата за докторката од Онкологија, по приемот ќе донесе одлука, велат од ОЈО

Фото: МИА

 По условна пресуда за докторка во случајот Онкологија и по реакциите во јавноста, денес се огласија од ОЈО.

-Признанието на вина и осудителната пресуда изречена за една од обвинетите во предметот “Онкологија” е потврда за основаноста на наводите во обвинението поднесено од Основното јавно обвинителство Скопје. Висината на санкцијата за стореното кривично дело ја одредува Судот, а обвинителството се уште не ја добило пресудата и образложението за изречената казна. По приемот, јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе вложи жалба во однос на висината на санкцијата, велат од ОЈО.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ