Цената на струјата од 1 јануари 2026 година се зголемува од 2,45– 3,84 отсто, според одлуката што ја објави Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Цените на покачување по блокови се следните
Блок 1- 2,45 %; Блок 2- 2,87 %; Блок 3- 3,32 %; Блок 4- 3,84 %, додека цената на евтината струја се зголемува за 2,5 отсто.
РКЕ објави дека надоместокот од 200 денари нема да се укине, откако претходно мрежарината се намали за 4,96 отсто.
Како што објасни претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, на сметките ќе се одрази со зголемува од 57 денари доколку се остане само во првиот блок со потрошувачка од 210 киловати и 227 киловати од евтината струја. Домаќинствата кои ќе влезат и во вториот блок со дополнителни 420 киловати, ќе имаат за 70 денари повисоки сметки.
Од 1 јануари 2026 година наместо предложеното зголемување од 7,66 % што ЕВН ХОМЕ го достави во одлуката, РКЕ по спроведени анализи и повторни пресметки, одлучи во прв блок да има корекција од 2,45 % . Во втор блок цената ќе се зголеми за 2,87%, додека предлог зголемувањето на ЕВН ХОМЕ е 8,54%. Во трет блок цената ќе се зголеми за 3,32% иако беше предложено да има зголемување од 9,63% и во четврт блок зголемувањето е 3,84 %, наместо предложените 11,86%.
Во однос на евтината тарифа, ЕВН Хоме предложи зголемување за 3,96%, додека РКЕ одлучи истата да се корегира за 2,50%.
“Водејќи се од начелото на транспарентност и имајќи го во предвид јавниот интерес кога се во прашање цените на енергијата и енергенсите кои РКЕ ги регулира или контролира, како и до сега така и денес ги споделуваме во детали одлуките, односно во конкретниот случај одлуката за ЕВН ХОМЕ. Регулаторните анализи покажуваат дека сметките на домаќинствата кои користат електрична енергија во прв и втор блок ќе се зголемат за 2,59 %, додека оние кои што имаат потрошувачка и во трет блок – сметката ќе се зголеми за 2,79%. “ изјави Марко Бислимоски.





