Здружението на родителите на загинатите од трагедијата во дискотеката Пулс соопштија дека викендов ќе нема Марш за ангелите во Кочани поради почит кон православниот празник за починатите – Задушница:
„Оваа сабота 1- ви Ноември, нема да има марш, бидејќи е Задушница. Ден за да им запалиме свеќа, да се помолиме за нивниот вечен мир и да им оддадеме достојна почит на сите наши најмили што не се меѓу нас Следниот марш ќе биде најавен дополнително.“ – велат родителите.




