Ова се пијаните возачи од Битола и Свети Николе, МВР ги објави деталите

Фото: МВР

Лишени од слобода возачи во Свети Николе и Битола, управувале возила под дејство на алкохол, информираат од МВР и објавуваат детали:

-На 26.12.2025 во 01:45 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Б.М.(52) од с.Горобинци, светиниколско. При сообраќајна контрола на ул.„Крсте Мисирков“ во Свети Николе е сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со светиниколски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,97 промили алкохол во крвта.

-На 26.12.2025 во 03:50 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода И.А.(50) од Битола. При сообраќајна контрола на ул.„Солунска“ во Битола е сопрено патничко возило „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,88 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите против нив ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ