Како што ветив, Скопје за 72 часа ќе биде исчистено, напиша на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Вчера вечерта во 20.30 часот се сплотија градоначалниците од повеќе скопски општини и градоначалникот на Скопје и почна најавеното чистење на градот. Со старт од пред Арента „Борис Трајковски“ чистењето почна во центарот на градот, а потоа продолжи на депонијата Вардариште.

-Вечерва стартуваше и акцијата за расчистување на депонијата „Вардариште“. Ова е само првиот чекор кон нашата цел. Наскоро започнува и процесот на одгасување на метанот. Досегашното место на срамот, ќе стане гордост – нова зелена оаза за сите скопјани напиша синоќа Ѓорѓиевски.
Освен тоа Ѓорѓиевски вети „ 55 од понеделник и уште 20 автобуси до Нова година а до март уште 80“.
-Заедно со градскиот воз кој веќе ја започна првата фаза на реализација и со проектот БРТ, започнуваме циклус на трајно решавање на сообраќајниот хаос кој со години го оптоварува нашиот град објави Ѓорѓиевски.






