Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави (OFAC) донесе одлука за укинување на санкциите за бројни лица од босанскиот ентитет Република Српска, што е поврзано со неофицијален договор меѓу Милорад Додик и новата американска администрација.
Од „црната листа“ се отстранети Милорад Додик, членовите на неговото семејство, како и луѓе од врвот на режимот, кои сега немаат санкции од САД. Од листата е отстранета и компанијата „ Инфинити Интернешнл“, која ја поврзуваа со компанијата Инфинити енерџи, ИТ Солушнс енд сервицес ДОО Скопје, од која МРВ набави 1500 компјутери во 2022 година.
Санкциите беа укинати врз водечките политичари на СНСД – Милорад Додик и Жељка Цвијановиќ, семејството Додик, нивните компании и многу други блиски соработници, вклучувајќи ги и министрите од Република Српска.
Поточно, од списокот на ОФАЦ беа избришани: Милорад Додик, Жељка Цвијановиќ, Ненад Стевандиќ, Сташа Кошарац, Радован Вишковиќ, Синиша Каран, Ален Шераниќ, Милан Букејловиќ, Петар Ѓокиќ, Игор Драдикка Додикре, Станковиќ, Душко Перовиќ, Душан Перовиќ, Бранислав Окука, Ѓорѓе Ѓуриќ, Владимир Перишиќ, Александар Добриќ, Мирко Добриќ, Влатко Вукотиќ, Марко Гујаничиќ, Немања Рељин, Џерард Селман, Филипиќ, Гораниќ, Далибориќ Павле Ќоровиќ, Радмила Бојаниќ и Синиша Додик.
Меѓу компаниите отстранети од црната листа се: Алтернативна телевизија, Фруит Еко доо Агапе Горица Додик и Ивана Додик, Ресторан Агапе, Агро воќе доо Лакташи, Глобал Либерти, Инфинити Медиа, К-2 фирме, УНА телевизија, Инфинити Интернешнл, Проинтер, Калдера Компани, Сириус, Елпринг доо, Нимбус Иновејшнс доо, Зелена јабука доо, Ворто доо, Бест Сервис доо, Агапе Бест доо, СИ МЕДИА РИСЕРЧ,
Во петокот, на 17 октомври, OFAC ги укина санкциите за четворица блиски соработници на Милорад Додик, кои првично беа ставени на црната листа на САД за организирање и промовирање на неуставниот „Ден на РС“. Тоа се Јелена Пајиќ Баштинац, Данијела Драгичевиќ, Горан Раковиќ и Дијана Миланковиќ.
Со промената на власта на САД и доаѓањето на Доналд Трамп за претседател се случија повеќе отстранувања од листата со санкции, главно имиња во време на владеењето на демократите. Дали следни за отсранување се и македонските државјани, на која е наоѓаат активни бизнисмени и поранешни политичари?
Извор: Аналитика









