Од денес шалтер „Безбеден град“  во МТВ, ќе може да се ажурираат податоци за возилата

Фото: МВР

Граѓаните од утре на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Тоа, информираше вечерва  Министерството за внатрешни работи,  ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Шалтерот „Безбеден град“ ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот.

– Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните, соопшти МВР. 

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ