Невообичаена кражба во рана вечер во Гостивар, каде ;четворица крадци, многу спокојно на очиглед на минувачи за кратко време, со пиштоли во рацете и маскирани влегле во златара во Гостивар, сопственост на С.Ж. и изнеле 18 килограми злато вредно 1,8 милиони евра. Џипот “бмв х3” без регистарски таблички со кој дошле и заминале, потоа е пронајден опожарен на регионалниот пат Мавровска крстосница – село Маврово. Во опжарениот џип е пронајдена пушка со бајонет.
– Пожарот е изгаснат од Територијалната протившпожарна единица Гостивар и при вршење на увидот во возилото е пронајдена автоматска пушка со бајонет. По наредба на јавен обвинител возилото е однесено во кругот на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот, велат од Министерството за внатрешни работи.
Кражбата е пријавена во полиција вчера во 18:45 часот.
фото:МИА





