Црногорскиот пејач Сергеј Ќетковиќ и Панчо бе многу блиски пријатели. Оттаму и тажнта објава на Сергеј, кој н својот профил на Инстаграм се прости од него.
-Добар мој. Од првиот ден те гледав како брат. Знаеш кога луѓето се препознаваат на прв поглед, како да ги познаваш цел живот. Твојата љубезност, насмевка, љубов, ентузијазам и сила ме воодушевуваа со секоја средба и ми даваа храброст за секој нов ден. Имавме многу планови, идеи… Многу да правиме, раскажуваме, создаваме… Патувај брате мој, одмори се. Нека ангелите те водат кон подобро место и нека Господ ти подари рајско место! Те сака твојот брат, напиша Сергеј во објавата.
По седум месеци од катастрофата во дискотеката „Пулс“, вчера Панчо им подлегна на повредите.




