ОПЕРАЦИЈА 77 : ТАЈНИОТ ЗВУК – ПОДДРЖАНО ОД НЕВЕНА КОЛОР

🔎 Тајни агенти, подгответе се за нова мисија!
Канал 77 ја стартува највозбудливата радио авантура – ОПЕРАЦИЈА77: Тајниот Звук. Секој ден во етерот се пушта еден таен звук што треба да го откриете. Вашата задача е едноставна – да го препознаете и први да ја погодите вистинската одговор.

🎧 Кога се пушта Тајниот Звук?

  • Во 08:00 и 09:00 часот во Утринско шоу со Христина
  • Во 14:00 часот во Попладне со Анѓела

💰 Како расте наградата?

  • Секој ден почнуваме со 3000 денари во 08:00 часот.
  • Ако звукот не биде погоден, во 09:00 сумата се зголемува на 3500 денари.
  • Доколку и тогаш нема точен одговор, во 14:00 наградата расте на 4000 денари.
  • Ако и тој ден остане мистерија, наградата продолжува да расте и следниот ден, сè додека не се открие звукот!

🏆 Кој прв ќе го погоди, ја носи наградата!
Во моментот кога ќе се добие точниот одговор, мисијата за тој ден завршува. Следниот ден започнуваме нова игра со нов таен звук и нова почетна награда од 3000 денари.

👉 ОПЕРАЦИЈА77: Тајниот Звук – само на Канал 77 поддржано од Невена Колор


©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ