Општина Штип распиша оглас за ангажирање лица во рамки на програмата за јавни работи

Општина Штип објави јавен оглас за работно ангажирање лица во рамки на Програмата за извршување на јавни работи. Ангажманот ќе се реализира преку ЈП „Исар” – Штип, ЈП „Стипион 2011″, како и во месните и урбаните заедници, при што лицата ќе бидат вклучени во активности од јавен интерес. 

Работните задачи опфаќаат одржување и чистење на јавни и зелени површини, комунална хигиена, чистење на атмосферски канали, фарбање, како и извршување подготвителни, земјени и градежни работи. 

Дополнителните информации за условите и начинот на пријавување се содржани во јавниот оглас.

stip.gov.mk/wp-content/uploads/2026/01/Javen-Oglas-javni-raboti.pdf

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ