Оспорени се камерите од „Безбеден град“ поради јазикот и селективноста – Уставниот суд прими две иницијативи

Во Уставниот суд, како што информираат од прес службата, формирани се два предмета по поднесени иницијативи, во кои се оспорени измени на Законот за прекршоци во делот кој се однесува на воспоставување и функционирање на електронскиот систем за надзор во сообраќајот, во јавноста познати како проект „Безбеден град-Safe city”.

Подносителот Или Пачуку бара да се преиспита уставноста на законските измени од аспект на различниот третман на граѓаните по географска основа. За Пачуку, како подносител, спорно тоа што овој систем се применува само на територијата на градовите Скопје, Куманово и Тетово, а не на целата држава и поради тоа тврди дека има селективна територијална примена и спорен начин на кој се применува.

-Подносителот тврди дека идентични сообраќајни прекршоци во одредени градови се санкционираат автоматски преку електронски систем, додека во други делови од територијата на државата не подлежат на ист степен на контрола и санкционирање.Се наведува дека на тој начин се создава различен третман врз граѓани, врз основа на географската локација. Се додава, дека не е јасно по кои критериуми се избрани токму овие градови и колку долго ќе трае примената.За подносителот спорна е и т.н „пилот фаза” бидејќи, според него е нејасна и временски неограничена, пишува во предметот.

Ваков систем на надзор покрај во споменатите три градови се најавува и за неколку други градови. Штип и Кавадарци се следните каде ќе се вклучат камери за надзор.

Вториот оформен премет беше актуелизиран денови и низ политичките изјави на претставниците на албанските политички партии. Лидерот на едно од крилата на Алијанса на Албанците, Зијадин Села го проблематизира комуницирањето во рамките на системот, при што пораките се испраќаат само на македонски јазик. За Села, како и за ко-подносителите Илире Даути, Елми Азири спорно е што во ниеден дел не е предвидено дека во телефонската порака или електорнска комуникација треба да се испочитува член 7 од Уставот, во насока на Законот за употреба на јазиците.

И во оваа иницијатива се повикува на нерамноправниот третман на сите граѓани во државата, бидејќи системот се спроведува само во Скопје, Тетово и Куманово, за што тврди дека „под лупа” е ставено албанското население кое на овие територии е во поголем број, за разлика од другите градови во државата.

Подносителите наведуваат дека за нив е спорно што со овој проект се наметнува законска обврска на сите граѓани да имаат личен телефонски број, електронска адреса за да се остварат комуникациите и да се биде достапен при евентуална порака за прекршок.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ