Откажете се од партиски послушници и вратете го Галетановски за директор, апелираат вработените во Зоолошка до градоначалникот Ѓоргиевски

Фото: Фејсбук

Вработените во Зоолошката градина во Скопје упатија јавен апел до новиот градоначалник, Орце Ѓоргиевски да им го врати екс директорот Ѓорѓи Галетановски.

Тие во апелот велат:

-Во името на сите вработени на Зоо Скопје ви го честитаме почетокот на мандатот како татко на градот Скопје. Сакаме да ве замолиме што побрзо да помогнете на Зоо Скопје, бидејќи како што изјавивте вчера дека ќе бидете директор на сите институции, да ја тргнете скроз политиката од Зоо Скопје да назначите нормален директор менаџер (не партиски послушници) односно некој  што побрзо ќе придонесе со Ваша помош Зоо Скопје повторно да биде гордост на Градот како што беше до пред четири години, велат вработените во соопштението во кое понатаму се вели:

– Воедно апелираме и до нашиот екс директор и другар Ѓорѓи Галетановски да се откаже од советничкото место во Град Скопје и ако навистина сака искрено да помогне на Зоолошката да се пријави на следниот јавен конкурс за директор на нашата институција, бараат вработените.

©Kanal77.мк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. Услови за превземање

Сподели:

Facebook
Twitter
LinkedIn
Email

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ