Само шест дена откако гореше кола во Штип, на неколку стотина метри од местото, изминатата вечер врз возло „фолксфаген пасат“ било фрлено корозивно средство. Настанот е пријавен во СВР Штип.
„На 10.11.2025 во СВР Штип е пријавено дека во периодот од 21:50 до 23:20 часот на Булевар „ЈНА“ во Штип, било оштетено патничко возило „фолксваген пасат“ со штипски регистарски ознаки, сопственост на Д.И. од Штип, на тој начин што врз возилото била истурена корозивна течност. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштуваат од СВР Штип.
Последните инциденти укажуваат дека пресметките преку уништување на возилата не престануваат. Изминатите две – три години во Штип гореа триесетина возила. Во декември лани по втор пат беше запалено и возилото на тогашниот началник на Секторот за внатрешни работи.
Фото: Архива, фрипик




